Принцот Хари, неговата сопруга Меган и нејзината мајка учествувале во, за малку „катастрофално“ бркање со автомобили во САД, затоа што ги следеле папараците, а тие сакале да им избегаат, изјави портпаролот на семејството.
„Оваа немилосрдна потера, која траела повеќе од два часа, резултирала со избегнување на повеќекратни блиски контакти со други возила вклучени во сообраќајот, пешаци и двајца полицајци од Њујорк“, додадел портпаролот.
Инцидентот се случи откако Меган и Хари во вторникот присуствувале на церемонија на доделување награди во Њујорк.
Тоа беше прво појавување на парот во јавноста по враќањето на Хари од Лондон, каде што присуствуваше на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III.
Војвотката од Сасекс ја добила наградата „Жена со визија!“ во Њујорк, за охрабрувањето на жените кои се борат за еднаквост.
„Никогаш не е доцна да започнете. Можете да бидете визионери на вашиот живот… Има толку многу да се направи“, изјавила Меган на доделувањето.“
За потсетување, по вечерата во еден хотел во Париз, принцезата Дијана и нејзиниот тогашен вереник Доди ал-Фајед излегле со мерцедесот на Дијана. Автомобилот со голема брзина влетал во тунелот и удрил во ѕидот.
Возачот Анри Пол и Доди починале на лице место, а Дијана четири часа подоцна во болница. Единствениот преживеан од несреќата е телохранителот на Доди.
Наводно, до несреќата дошло затоа што тие бегале од упорните папараци, но оттогаш се појавија уште неколку теории, а една од најпопуларните, која се смета и за теорија на заговор, е дека во случајот била вмешана и британската разузнавачка служба.