Бајден падна додека доделуваше дипломи

Белата куќа соопшти дека Џо Бајден е добро откако најстариот претседател во историјата на САД се сопна и падна на церемонијата на доделување дипломи во академијата за пилоти во Колорадо.

На 80-годишниот Бајден му помогнаа да стане и се чинеше дека е неповреден, што потоа беше потврдено и од Белата куќа.

„Имаше вреќа со песок таму каде што Бајден им честиташе на дипломците“, изјави директорот на комуникации на Белата куќа, Бен ЛеБолт.

Бајден стоеше час и половина додека се ракуваше со сите 921 дипломец.

„Ме нападна вреќа со песок“, се пошегува Бајден откако се врати во Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјави дека Бајден беше целосно добро по несреќата и со голема насмевка се качи во авионот за Вашингтон.

„Се надевам дека не се повреди. Тоа не беше инспиративно“, се пошегува Доналд Трамп.

Последните анкети покажуваат дека мнозинството американски гласачи се загрижени поради возраста на Бајден, кој би имал 82 години на почетокот на вториот мандат.