БАЛАНС МК отвора Центар за поддршка на лица со дијабетес

Центар за поддршка на лица со дијабетес ќе биде отворен денеска во Скопје за којшто БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија доби просторија преку јавен повик на Град Скопје.

Центар за поддршка на лица со дијабетес ќе биде отворен денеска во Скопје за којшто БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија доби просторија преку јавен повик на Град Скопје.

– Проектната апликација на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија е меѓу највисоко оценетите и одобрена од Градот, при што е обезбеден и соодветен простор за негова реализација, информираа од БАЛАНС МК во најавата за отворање на канцеларијата на Центарот.

Целта на проектот е воспоставување континуиран, локално достапен сервис за поддршка, советување, организирање едукативни работилници како и психо-социјална поддршка на лица со дијабетес и нивните семејства на територија на Град Скопје и пошироко, со акцент на подобрување на самоконтролата, превенција на компликации и унапредување на квалитетот на живот.