Ахмети крена албанско знаме во Зајас, македонското го нема – се отвора прашањето за прекршување на законот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, подигна албанско национално знаме на јарбол кај меморијалниот комплекс „Мајка Албанка“ во Зајас, без покрај него да биде истакнато македонското државно знаме. Настанот беше претставен како симбол на албанскиот идентитет и национална гордост, но истовремено го отвора прашањето дали ваквото истакнување на знамето е во согласност со законските одредби во Македонија.

Во објавата за настанот, одржан во пресрет на Денот на албанската азбука, се наведува дека Ахмети го подигнал албанското знаме кај меморијалот во Зајас. Македонското државно знаме не е истакнато покрај него.

Во Македонија, употребата на знамињата на заедниците е регулирана со Законот за употреба на знамињата на заедниците, кој предвидува правила за нивно истакнување, вклучително и случаи кога задолжително се употребуваат заедно со државното знаме.

Денот на албанската азбука, се наведува дека Ахмети го подигнал албанското знаме кај меморијалот во Зајас. Македонското државно знаме не е истакнато покрај него.

Во Македонија, употребата на знамињата на заедниците е регулирана со Законот за употреба на знамињата на заедниците, кој предвидува правила за нивно истакнување, вклучително и случаи кога задолжително се употребуваат заедно со државното знаме.

Според законските одредби, истакнувањето на знамињата на заедниците на определени јавни места и манифестации е поврзано со задолжителна употреба на знамето на Република Македонија. Истовремено, законот дозволува употреба на знамињата на заедниците во приватниот живот и на културни, спортски и други приредби што ги организираат припадниците на заедниците.

Прашањето е особено актуелно поради претходното постапување на институциите во слични случаи.

Во декември 2025 година, МВР побара прекршочна постапка против Општина Струга и одговорно лице, поради тоа што за време на прославата на Денот на албанското знаме не било истакнато македонското државно знаме. Полицијата тогаш се повика на член 6 и на прекршочните одредби од Законот за употреба на знамињата на заедниците.

Засега нема известување дека надлежните институции утврдиле прекршување на законот во врска со настанот.