Аријан Адеми со дебитантски гол во Кина за триумф на својот тим

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми е херој за својот Пекинг Гуоан во минималниот триумф од 1-0 против Нантонг во 7. коло од новата сезона во кинеската Суперлига.

Токму Адеми беше стрелец на погодокот вреден три бода за својот тим во 23. минута на феноменален начин со удар од некои шеснаесетина метри.

По натпреварот тој изјави дека е среќен што неговиот тим освоил три бода…

„Искрено најсреќен сум што освоивме три бода и тоа е секогаш најважно. Јас верувам дека играме добро и оваа победа нека биде наш победнички старт на една подолга серија. Се соочувме со еден притисок, релативно голем и сега овој триумф може да го спласне тој притисок, а најважното е што на навивачите им донесовме радост и уживање“, изјави Адеми.