Ангел Димитров: Македонската страна треба да направи сериозни измени во учебниците

„Нема подготвеност за промена на учебниците во Македонија, иако тоа може да се случи веднаш. Во Македонија главно се занимаваат со барањето на ДПМНЕ за распишување референдум за целосно да се отфрли Договорот за добрососедство со Бугарија, а таквата атмосфера влијаеше и на состанокот на Мешовитата комисија“. Ова за БНТ го изјави шефот на бугарскиот тим од Заедничката историска комисија, Ангел Димитров.

„Јасно можев да ја видам загриженоста на дел од колегите, бидејќи некои од нив рекоа дека се подложени на закани и притисоци кога нешто менуваат во својата позиција.Гоце Делчев е постојано во нашата програма веќе трета година и не стигнуваме до него, всушност не се разговара за тоа“ вели тој, пренесува БГНЕС.

Она што е одлучено и најавено е дека треба да се пристапи кон промена на нивните (македонските н.з.) учебници. Вели дека заелешките за бугарските учебници од македонска страна биле општи, не допирале важни работи во толкувањето и биле пуста желба, смета Димитров.

Тој вели дека македонската страна треба да направи „сериозни измени во нивните учебници“.

„Ова треба да се направи веднаш. Учебниците може да се дополнат и без да се печатат нови“ – коментира Димитров.

Нагласи дека сета оваа политичка тензија во Скопје е на тема бугаризација.