АНАЛИЗА: Доспеаните а неплатени обврски на државата надминаа 700 000 000 евра, со најголеми долгови ЈП и државните фирми

Нов пораст на “внатрешниот” долг, на крајот на септември годинава доспеаните а неплатени обврски на државата на локално и на централно ниво и во сите сектори надмина 700 000 000 евра. Најголем дел од долгот или повеќе од 281 000 000 евра отпаѓа на ЈП и фирмите во државна сопственост. Компаративната пресметка на “Порталб” врз основа на податоците од Министерството за финансии покажува дека долгот е зголемен и во однос на јуни ( втор квартал) и во однос на крајот на декември лани.

Нов пораст на “внатрешниот” долг, на крајот на септември годинава доспеаните а неплатени обврски на државата на локално и на централно ниво и во сите сектори надмина 700 000 000 евра. Најголем дел од долгот или повеќе од 281 000 000 евра отпаѓа на ЈП и фирмите во државна сопственост. Компаративната пресметка на “Порталб” врз основа на податоците од Министерството за финансии покажува дека долгот е зголемен и во однос на јуни ( втор квартал) и во однос на крајот на декември лани.

Долгот е зголемен и во однос на лани и во однос на вториот квартал, пораст кај општините, јавните претпријатија, здравството

За само 9 месеци, во септември во однос на крајот на декември лани, внатрешниот долг, односно доспеаните а неплатени обврски на државата и на централно и на локално ниво , се зголемени за скоро 46 000 000 евра – покажува пресметката на “Порталб” направена врз основа на новите податоци од Министерството за финансии. Според податоците од новата “должничка листа”, вкупните доспеани а неплатени обврски на крајот на третиот квартал изнесувале скоро 712 000 000 евра – досега највисоко ниво. Долгот се зголемил и на квартална основа , за скоро 20 000 000 евра во однос на јуни годинава, кога изнесувал нешто над 692 500 000 евра.

Доспеани а неплатени обврски

Септември 2026 711 705 562 евра

Јуни 2026 692 523 113 евра

Декември 2025 665 803 009 евра

За да се утврди трендот на движење на износите на доспеаните а неплатени обврски на државата , “Порталб” направи споредба на состојбата во клучните групи на субјекти и на квартално ниво и во однос на крајот на декември 2005 година. Најголемиот дел од долгот отпаѓа на Јавните претпријатија а и државни фирми чии доспеани а неплатени обврски на крајот на септември надминале 281 000 000 евра, со зголемување за 7 000 000 евра во однос на декември лани и со пораст од 10 400 000 евра во однос на јуни, годинава.

Поголем раст на долговите има во Јавното здравство – на крајот од септември доспеаните а неплатени обврски изнесувале скоро 157 000 000 евра и во однос на декември лани се зголемени за дури 54 000 000 евра. Долговите на Јавните здравствени установи се зголемени и во однос на јуни годинава, за 23 000 000 евра. Растат неподмирените обврски и на Општините кои на крајот на третиот квартал надминале износ од 93 350 000 евра, со пораст за 252 000 евра во однос на јуни годинава и за 3 000 000 евра во однос на декември, лани.

Доспеани а неплатени обврски (евра)

Септември 2026 Јуни 2026 Декември 2025

Општини 93 353 644 93 101 970 90,407,695

ЈП и државни фирми 281 518 776 271 131 815 274 510 609

Општински ЈП 105 358 182 110 154 227 108 023 374

Јавно здравство 156 927 142 134 000 281 102 960 069

Буџетски корисници (1 ва линија) 20 920 640 30 444 372 39 894 848

Извор МФ

Поинаква е состојбата со доспеаните а неплатени обврски на Општинските јавни претпријатија, кои на крајот на септември изнесувале над 105 000 000 евра но со тренд на намалување во однос на јуни годинава и на крајот на декември 2025 та година. Буџетски корисници од прва линија ( министерства, агенции и институции од прва линија) , на крајот од септември годинава пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 21 000 000 евра, со тренд на намалување во однос на јуни и во однос на декември лани. Најголем дел од доспеаните а неплатени обврски во износ од скоро 350 милиони евра , се кон Јавниот сектор , односно “меѓу секторски ” долгови, обврските кон приватниот сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни организации наминаа 331 000 000 евра а долговите кон странство надминаа 33 000 000 евра.

Доспеани а неплатени обврски ( септември 2025, евра)

Кон јавен сектор 343 590 000

Кон приватен сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни организации 331 900 000

Кон странство 33 150 000

Извор : МФ

На новата должничка листа се наоѓаат 879 институции, општини, министерства, агенции, државни фирми, училишта, јавни здравствени установи, агенции, судови, центри за социјална работа, фондови кои пријавиле дека имаат доспеани а неплатени обврски.