Американската администрација ја продолжи лиценцата на НИС до 30 октомври

Со тоа се овозможи продолжување на работата на компанијата и работата на рафинеријата за нафта во Панчево, која доминантно се снабдува со нафта од Јадранскиот гасовод (Јанаф).

Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии (OFAC) ја продолжи лиценцата за работа со нафтената индустрија на Србија (НИС) до 30 октомври, објави РТС.

Со тоа се овозможи продолжување на работата на компанијата и работата на рафинеријата за нафта во Панчево, која доминантно се снабдува со нафта од Јадранскиот гасовод (Јанаф).

Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, српска министерка за рударство и енергетика во технички мандат, изјави дека ова е добра вест за Србија.

– Добивме уште едно продолжување на лиценцата за работа на американскиот OFAC за работа на нафтената индустрија на Србија, што е добра вест за Србија, особено ако се има предвид почетокот на зимската сезона, рече таа.

Според неа, ситуацијата е се уште многу предизвикувачка, како поради геополитичките околности и поскапувањето на енергенсите, така и поради тешките логистички услови, нискиот водостој на Дунав и проблемите со увозот на нафтени деривати.

– Затоа реагиравме со пуштање на пазарот 5.000 тони дизел од државните резерви, заедно со намалувањето на акцизите што ги применуваме со месеци, рече Ѓедовиќ Хандановиќ, а соопштија од министерството.