Алкалоид со убедлива победа против Вест Виена
Ракометарите на Алкалоид забележаа победа во првиот меч против Вест Виена со 38-27 (20-14), во рамките на шеснаестинафиналето на Европскиот куп на ЕХФ.
Ракометарите на Алкалоид забележаа победа во првиот меч против Вест Виена со 38-27 (20-14) во дуел од шеснаестинафиналето на Европскиот куп на ЕХФ.
Освен на почетокот, кога гостите поведоа со 2-0, натпреварот беше во знакот на ракометарите на Кирил Лазаров, кои на полувремето заминаа со плус шест гола, а до крајот стигнаа и до двоцифрена предност.
Најдобар стрелец беше Александар Петковски со десет гола, Серафимов реализираше осум, додека Марко Митев сеистакна со седум гола.