
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од соработници и денеска ги продолжи средбите и разговорите со граѓаните на општина Гостивар.
Пред присутните, покрај претседателот Ахмети, се обратија и претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар Валдет Џафери и пратеничката Вјолца Латифи Адеми.
„Да бидам искрен, изненаден како не го научија ова од минатото. Ако не учиш од минатото, нема иднина. Вака ви велам, ние Албанците го имаме преродбеникот, Ѓерѓ Фишта кој вели дека навистина имаме Бајрам и Велигден, но Албанија ни е заеднична. Ние навистина имаме различен јазик и култура, но ја имаме Македонија заедно. И затоа работиме, љубовта кон државата не се мери со килограми. Мора да одлучиме дали сме со Москва или со Брисел. Дали сме во минатото или во иднината? Нашата иднина нема друга алтернатива освен интеграцијата во ЕУ. Стабилноста ни е многу важна. Мислам дека сите овие години што придонесувачи за зајакнување на стабилноста и покрај тоа што некои македонски партии не вложуваат многу за да ги убедат граѓаните дека оваа држава е наша и заедничка. Ама тие велат, Албанците ни ја земаа државата, кај ќе ја однесеме. Не менуваме граници, ама не сме ни станари, нека го заборават тоа. Не работиме за она што не ни припаѓа, но државата не може да биде само на една партија. Нека заборават, нема веќе прегласување, етничка дискриминација, но ни претстои уште многу работа. Патем, ние бараме ветинг, почнувајќи од политичарите. Не се двоумевме да кажеме, нека почне од првиот човек на ДУИ, бидејќи мора да се прават континуирани напори, борбата против криминалот и корупцијата е наша обврска. Дали ЕУ ќе се збогати со богатствата на нафтените извори, не! Изолирани и сами не можеме да ги направиме и да ги реализираме главните цели во однос на подигнувањето на стандардот. Заврши времето на патриотизмот, времето на поделби, блокови, меѓуетнички војни. Тоа време заврши. Ние сме дел од Европа, ние сме Европа. До Втората светска војна војните беа религиозни, многу страдавме. Сега да видиме од перспектива на иднината како да постапиме. Ова ќе се случи, и тоа ќе се случи како денес. Скептицизам имаше за членството во НАТО, како и за Охридскиот рамковен договор. За вредностите што сакаме да ги градиме, да не ги бараме виновниците во другите, туку да ги бараме во нас, ние ги имаме, од Струга до Липково. Патиштата, општините и инфраструктурата мора да ги направиме. Има легенди и бајки кои се слушаат, меѓу нив има и вистини. Создавањето на мнозинството, СДСМ-ВМРО е неприфатливо и нема да се случи затоа што војните до пред 20 години беа токму предизвикани од еднаквоста меѓу етничките групи. Можеби има сили што мислат така, но има и прогресивни сили во оваа земја. СДСМ е на чело, нема ново мнозинство, без разлика на акробациите за ново мнозинство, ви велам дека коалицијата работи и е стабилна и ќе има избори во 2024 година, или ќе бидат заедно со претседателските или после нив. Да не трошиме, да направиме и претседателски и парламентарни избори. Победувавме 20 години и ќе продолжиме, бидејќи на големите работни места им е потребна силна поддршка од народот. Не би бил силен без многу пријатели, овие успеси се заеднички и не е лесно да се туркаат, почна скринингот, завршува во ноември, се свика заедничката средба со ЕУ, до тој период треба да го смениме Уставот, Политичките партии мора да ги охрабрат граѓаните, Македонија и Македонците ќе бидат легитимирани,имаме сојузници и никогаш нема да бидеме губитници. Секогаш го имате нашиот грб“, рече Ахмети.