Актерката Наташа Басет се заљубила во Илон Маск „поради умот“
Актерката Наташа Басет (27), која му е девојка на 50-годишeн милијардер – Илон Маск вели дека кај него најмногу ја привлекол „неговиот ум“.
„Наташа работи напорно за да ја изгради својата кариера и, иако сега не му пречи да се знае за нивната врска, тој ја поддржува нејзината желба да биде позната по својата работа, а не како девојка на Илон Маск“ рекле негови пријатели.
Актерката од Австралија беше снимена минатата недела како се симнува од приватниот авион на Маск во Лос Анџелес, а пријателите потврдија за медиумите дека тие се заедно по неговото раскинување со пејачката Грајмс.
Маск има едногодишен син со пејачката, а има деца и од првиот брак со писателката Џастин Маск.
По тоа двапати се женеше и двапати се разведуваше, од актерката Талул Рајли.
„Форбс“ неодамна го прогласи Маск за најбогат човек на светот, со 233,6 милијарди долари на сметка.