Авион принудно слета во Белград, жена почина за време на лет од Келн до Ниш

Шеесет и осумгодишна жена починала на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ откако ѝ се слошило во авион што летал на релација Келн-Ниш, јави РТС.

Поради нејзината состојба, авионот принудно слетал на аеродромот во Белград синоќа нешто пред 22:30 часот.

Во изјава за РТС од Итната помош велат дека учествувале во реанимацијата на жената, но на крајот лекарите констатирале смрт.