Трилинг – три карти со иста вредност дома соседството, свет
Мисла, анализа, став, живот, процеси, личности. Ние со амбиции, тие со рецензии.
Трилинг-слика на карактери или секој за сите.
„Трилинг “ е посветен на заложбата јавноста да добие точни и кредибилни информации. Применувајќи високи стандарди во новинарската работа, се обидуваме граѓаните да ја видат целата слика врз основа на фактите што ги презентираме. тргнувајќи од потребата и глад за точни инфорации на граѓаните, слободен простор за вистинските новинари и оние кои тоа сакаат да бидат, по професионалните стандарди на еснафот. Ние се обидуваме да направиме избор на она што се случува дома, и во регионот, но и да ги следиме светските настани.
Покриваме приказни за најширокиот спектар граѓани, без оглед на нивната етничка, расна, полова припадност, религија, политичка или друга ориентација. Овој принцип е основен столб на функцинирањето на ТВ и он лајн магазинот Трилинг. Веб порталот Трилинг есе применува во нашата редакција.
Мисијата е да промовира демократски вредности и институции и да ги унапредува човековите права со известување и вести во земји каде што слободното новинарство е попречувано од владата или не е целосно воспоставено. Преферираме нецензурирани вести, теми, интервју и анализи и да информираме врз основа на фактите, недопрени од притисок или од обиди за влијание.
За ТВ магазинот и веб порталот Трилинг стои Друштвото за маркетинг и продукција Ин Ваго кое беше продуцент на телевизиските проекти „ Ако е ..“ на МТВ, „25 години Приватизација“ , „Фактор 24“, „Пантомима“.