Управата за финансиска полиција врши претрес кај Пеце Мирчевски

Управата за финансиска полиција, во координација со скопското обвинителство, во моментот врши претрес кај Пеце Мирчевски, поранешниот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Детали за акцијата се очекуваат во текот на денот, а засега е непознато и дали за поранешниот директор Мирчевски ќе се бара мерка за обезбедување.