Пожар кај Зелен пазар – гореа возила и магацин

Вечерва изби голем пожар кај Зелен пазар. Според првичните информации, се запалил автомобилот за потоа да се запали и магацин од маркет. Противпожарни екипи веќе подолг временски период работат на гаснење на пожарот. Засега не е познато дали станува за подметнат пожар. Информациите се дека пожарот е локализиран, но се работи на негово целосно гаснење.